Во АМСМ УСЛУГИ - ЦЕНТАР ЗА ВОЗИЛА ДООЕЛ Скопје, во едно од испитните места (Скопје, Велес и Битола), може да се изврши проверка на сообразност на единечно увезено возило. Оваа проверка опфаќа проверка на документацијата на возилото и проверка на самото возило. Доколку со овој преглед се утврди дека возилото е сообразно со важечките и прифатени ECE регулативи односно EEC директиви во Република Македонија, се издава Изјава за сообразност на единечно увезено возило. Доколку при прегледот се утврди дека возилото не е сообразно со хомологациските прописи прифатени во нашата држава, на увозникот му се издава Известување за неисполнетост на хомологациските барања, што значи дека тоа возило не може да се увезе и регистрира во Република Македонија. Затоа, пред да се купи и донесе возило, задолжително треба да се провери дали тоа ги исполнува бараните регулативи и/или директиви кај овластениот застапник на конкретната марка возила во РМ.При увозот на возилото, а пред пристапување кон проверка на сообразноста на единечното увезено возило, увозникот треба да ги поседува следните документи: Горенаведената потврда може да се обезбеди од еден од следните извори:

Оцената на сообразноста на возилата односно на деловите и уредите на возилото е постапка која се спроведува пред царинењето на возилото што се внесува во државата и со која се докажува дека деловите и возилото како целина се испитани во сообразност со оние ECE регулативи или EC/EEC директиви кои се во сила во државата во којашто се увезува возилото. Оваа проверка се спроведува со цел да се спречи увоз на безбедносно и еколошки неподобни возила кои во моментот на увозот и првата регистрација не одговараат на хомологациските прописи во земјата во која се увезуваат.Целта на оваа проверка е: